Семејството на Груевски е во Македонија


Сопругата на Никола Груевски вчера била дома и им овозможила на припадниците на МВР да извршат проверка , а денеска истото е направено и во домот на неговата мајка, вели Спасовски во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

Според него, Груевски не избегал преку воздушен пат.  Тој вели дека има ,,зелени” премини преку границата кои не можат херметички да бидат затворени.

„Од полицијата не било побарано обезбедување на Груевски од страна на судот за предметот ,,Тенк” . Во четвртокот вечерта во 23.30 часот обезбедувањето на Груевски го оставиле дома , тој им рекол дека утре ќе биде редовно .Во петокот утрото тие биле пред зградата , но не можеле да стапат контакт со него. Груевски има и приватно обезбедување , освен обезбедувањето од МВР .  И претходно се случувало Груевски да не ги побара со денови , така што не се посомневале“, истакна Спасовски.

Спасовски разговарал утрово со неговиот унгарски колега за да утврди дека Груевски е веќе во Будимпешта , каде побарал азил . Спасовски вели дека Груевски е осуден за криминал , а не бил под политички притисок .Спасовски очекува да не му биде издаден азил , зашто Унгарија треба да ги почитува правилата на ЕУ.