Барселона троши речиси половина милијарда евра за плати на фудбалерите


Британскиот весник „Дејли мејл“ објави листа на трошоците што ги имаат фудбалските клубови во Европа за плати на нивните играчи.

На првото место на листата на 15-те најголеми „трошаџии“ во европскиот фудбал е Барселона, која на своите ѕвезди годишно им плаќа  487 милиони евра, што е речиси 100 милиони повеќе од вториот на „табелата“ Реал Мадрид, кој за плати на фудбалерите издвојува 395 милиони евра.
Листа на клубови што издвојуваат најмногу средства за плати на своите фудбалери:
1. Барселона – 487 милиони евра
2. Реал Мадрид – 395 милиони евра
3. Манчестер Јунајтед – 337 милиони евра
4. Манчестер Сити – 297 милиони евра
5. Пари Сен-Жермен – 272 милиони евра
6. Баерн – 265 милиони евра
7. Јувентус – 259 милиони евра
8. Челзи – 256 милиони евра
9. Ливерпул – 241 милиони евра
10. Арсенал – 232 милиони евра
11. Борусија Дортмунд – 187 милиони евра
12. Атлетико Мадрид – 178 милиони евра
13. Интер – 156 милиони евра
14. Тотенхем – 148 милиони евра
15. Лестер – 131 милион евра.