Радев: Бугарија го прифаќа договорот меѓу Македонија и Грција


Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Радев го повика Иванов да не биде само учесник, туку и водач во дијалогот меѓу институциите во Република Македонија, бидејќи, како што […]

Вигенин: Борисов зазеде став и се вмеша во внатрешната политика на Македонија


Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија и сегашен претседател на Комисијата за европски прашања Кристијан Вигенин вели дека откажувањето на средбата на бугарскиот премиер Бојко Борисов со македонскиот претседател Ѓорге Иванов е покажување на став за името. – Ми се чини дека тоа е една прилично директна интервенција во еден внатрешен спор во Република […]

Приведени десетмина на протестот: Маскирани со фантомки фрлале шишиња по полицијата


Полицијата информира дека за време на вчерашниот протест приведени се десет лица кои биле маскирани со фантомки фрлале шишиња и шипки кон зградата на Собранието и кон полициските службеници. Протестот се одржуваше од 19.30 до 23.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, пред Собрание на Република Македонија. „За време на собирот, во 20.30 часот, […]

ДСПДП: Отпорот во Тимјаник ги доведува во прашање хуманите вредности


Државниот совет за превенција од детско прастапништво (ДСПДП) соопшти дека целосно го поддржува Министерството за труд и социјална политика во настојувањето за целосно имплментирање на планираната реформа за унапредување на социјалната инклузија и поддршка на преминот од институционална грижа кон поддршка на социјалните услуги во заедницата како и подобрување на квалитетот на социјалната грижа на […]

Утре завршува МТФ „Војдан Чернодрински“: Дванаесет претстави во трка за награда


Педесет и третото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ завршува утре, 15 јуни. Во текот на денот ќе биде соопштена одлуката на жири-комисијата за тоа кој ќе ги понесе годинава наградите. Фестивалот се отвори на 8 јуни во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со претставата на МНТ „Ничија земја“ во режија на […]

Анализа: Грчките партии за договорот меѓу Македонија и Грција


Постоењето македонски јазик и македонска националност во договорот меѓу Македонија и Грција се главните забелешки од грчките опозициски партии кај јужниот сосед, откако беше постигнато решение меѓу двете земји. Како што јави дописничката на МИА од Атина, коментарите од опозициските партии во Грција се негативни, според досегашните јавни настапи, изјави и соопштенија и веројатно е […]

Димитров: Ние сме генерација што мора да ја заврши работата, се движиме кон ЕУ и НАТО


Многу е важно Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на јуни за почеток на преговори и за членство во НАТО бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде вин-вин за двете страни, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес-конференцијата со неговиот германски колега Хајко Мас. – Многу е […]

Невремето уништи 5.000 хектари посеви во овчеполскиот регион


Силниот град и невремето што вчера попладне го зафати овчеполскиот регион уништи 5.000 хектари земјоделски посеви. Земјоделецот Јонче Досевски од месната заедница на село Црнилиште во општина Свети Николе вели дека според првичните проценки во овчеполскиот регион уништени се 5.000 хектари земјоделски посеви со житните култури, лозови насади, тутум и бостан. Според она што утринава […]

Генсекот на ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден син


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев стана татко по вторпат. Неговата сопруга Маја синоќа на свет донесе машко бебе. И првото нивно дете е машко. Пред да стане генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев беше директор на ЈСП-Скопје.

Концерт во Градски парк: Филхармонија ќе свири песни од „Квин“


На 22 јуни во Градскиот парк, на отворено, со почеток во 21:30 часот, ќе настапи познатиот „Квин риал трибјут“ бенд, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет, а под диригентство на Милош Јовановиќ од Србија. Еден од најдобрите светски трибјут-бендови на „Квин“, со специјални аранжмани за оркестар и хор, […]

Фудбал


Лејла Сабит Моќен како политичар. Атрактивен како мис. Полн со пари како милионер. Се обложувате на него како во казино во Лас Вегас. Забавен е, страстен, спортски граден, следи мода, најплатен во светот, има статус на ѕвезда, славен е, го сакаат манекенки, има смисла за бизнис, бргу се збогатува, а рано се пензионира. Престиж е […]

Во Србија исчезна новинар кој работел на истражување на убиството на Оливер Ивановиќ


Српската полиција распиша потерница по новинарот Стефан Цветковиќ откако било пронајдено неговото напуштено возило. – Во полициската станица во Бела Црква ноќеска е пријавено за паркирано возило марка Поло, на кое била отворена вратата и вклучени светлата, соопшти МВР на Србија. За случајот е известено Обвинителството и полицијата по него интензивно трага, јавуваат српски медиуми. […]

(ВИДЕО) Мас: Граѓаните ќе го прифатат решението за името


Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Берлин истакна дека Германија ќе „ја турка“ Македонија кон членство во ЕУ и НАТО. – Граѓаните на Македонија ќе го прифатат новото решение за името со Грција. Германија во меѓувреме ќе ги убеди нашите другари од Холандија […]

Ципрас утре со договорот во грчкиот парламент


Грчкиот премиер Алексис Ципрас утре ќе го извести грчкиот Парламент за постигнатиот договор со Македонија, но нема прецизни информации кога пратениците ќе расправаат по договорот. Останува отворено прашањето дали ќе се остварат предвидувањата во медиумите и ќе се потврдат информациите во новинарските кругови, дека опозициската Нова демократија ќе достави предлог за гласање недоверба на владата. […]

ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор


Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар на таа организација Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името. Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност. – Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис […]

Груевски се јави за договорот со Грција


Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот, напиша Никола Груевски на својот ФБ профил и приложи неколку видео материјали за тоа како доказ.

Договорот меѓу Грција и Македонија објавен на македонски јазик, прочитајте што содржи


Викендов министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, треба да го потпишат договорот за промена на името на Република Македонија. На потпишувањето, веројатно некаде во Преспа, ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Уште необјавен, овој договор веќе предизвикува голем број реакции дека се прифатени речиси […]

Сонцето од Вергина ќе се тргне од Македонија


Во рок од шест месеци од стапувањето на сила на договорот со Грција,Владата на Македонија  ќе треба да го испита статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктури на нашата територија и доколку тие на кој било начин се однесуваат на античката историја на Грција и на цивилизацијата што претставува интегрален дел од историското или културното […]

Борисов му ја откажал средбата на Иванов поради ароганција


Бугарските медиуми информираат дека премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја откажал средбата со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија со сопругата Маја Иванова, каде беше предвидено да се сретне со бугарскиот државен врв. Како што информира бугарскиот портал „24 часа“, Борисов и наложил и на министерката за надворешни […]

Хан: Верувам дека Советот на ЕУ ќе одреди датум за преговори


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за МИА изразува верување дека Советот на ЕУ овој месец ќе и додели на Македонија датум за почеток на преговорите за членство. Хан во интервјуто зборува за неговите очекувања од Советот на ЕУ, за тоа дали постојат ризици земјата да не добие датум за преговори, […]