(ВИДЕО) Мас: Граѓаните ќе го прифатат решението за името


Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, по средбата со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во Берлин истакна дека Германија ќе „ја турка“ Македонија кон членство во ЕУ и НАТО.

– Граѓаните на Македонија ќе го прифатат новото решение за името со Грција. Германија во меѓувреме ќе ги убеди нашите другари од Холандија и Франција да не стојат на патот на Македонија кон добивање датум за преговори за влез во ЕУ на претстојниот самит на лидери, како и покана за членство во НАТО – изјави Мас на заендичката прес-конференција.

Никола Димитров рече дека до крајот на годината Македонија повеќе нема да има ниту еден билатерален спор со ниту еден сосед.

– Граѓаните ќе го имаат последниот збор на најавениот референдум, а на резултатот од тој референдум нема да смее на патот да му застане ниту парламентот ниту претседателот. Ова е историска шанса на оваа генерација на граѓани во Македонија – рече Димитров.