Сонцето од Вергина ќе се тргне од Македонија


Во рок од шест месеци од стапувањето на сила на договорот со Грција,Владата на Македонија  ќе треба да го испита статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктури на нашата територија и доколку тие на кој било начин се однесуваат на античката историја на Грција и на цивилизацијата што претставува интегрален дел од историското или културното наследство на Грција, ќе преземе соодветни корективни мерки за да може ефективно да се реши прашањето и да се обезбеди почитување на наследството. Ова е предвидено во договорот кој Македонија и Грција се очекува да го потпишат викендов до цел решавање на дводеценискиот спор за името.

Како што веќе најавија од Владата, споменикот Воинот на Коњ ќе се преименува во Александар Македонски и ќе се даде објаснување во рамките на споменикот за кого станува збор, односно дека Александар Македонски, како дел хеленскиот антички период е светско културно наследство. Нема да се урива ниту споменикот на Филип II Македонски и на Олимпија.