Приведени десетмина на протестот: Маскирани со фантомки фрлале шишиња по полицијата


Полицијата информира дека за време на вчерашниот протест приведени се десет лица кои биле маскирани со фантомки фрлале шишиња и шипки кон зградата на Собранието и кон полициските службеници.

Протестот се одржуваше од 19.30 до 23.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, пред Собрание на Република Македонија.

„За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“ кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален)“, информира полицијата.

Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица.