Борисов му ја откажал средбата на Иванов поради ароганција


Бугарските медиуми информираат дека премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, ја откажал средбата со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој е во дводневна официјална посета на Софија со сопругата Маја Иванова, каде беше предвидено да се сретне со бугарскиот државен врв.

Како што информира бугарскиот портал „24 часа“, Борисов и наложил и на министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, да не го прима македонскиот претседател. Порталот пишува дека причината за откажување на двете средби е апсолутно арогантното поведение на Иванов да ја прекине по две минути средбата со премиерот Зоран Заев и министерот Николс Димитров.

Бугарските медиуми пишуваат дека разочарување од Иванов преовладува во целата Европска комисија поради најавеното саботирање на процесот за постигнување договорот со Грција. Поради неговите неодмерени изјави еднаш му откажа средба и грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас додека беше во посета на Македонија.