Хан: Верувам дека Советот на ЕУ ќе одреди датум за преговори


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во интервју за МИА изразува верување дека Советот на ЕУ овој месец ќе и додели на Македонија датум за почеток на преговорите за членство.

Хан во интервјуто зборува за неговите очекувања од Советот на ЕУ, за тоа дали постојат ризици земјата да не добие датум за преговори, за напорите на ЕК да ги разубеди оние земји-членки кои се противат на тој процес, но и за внатрешната политичка состојба во земјата по објавувањето на договорот со Грција, односно за ставовите на претседателот Ѓорге Иванов и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дека ова можеби беше последната пречка за старт на преговори со ЕУ, дали сега можеме да очекуваме одлука на Советот за старт на преговори во јуни, Хан вели:

– Очекувам, ако се ова сега е потпишано и договорено, дека ќе има импакт во заклучоците на Советот и очекувам по препораката за преговори да почнат подготовките за старт на преговори. Но, не можам ништо да гарантирам стопроцентно. Секогаш сум многу внимателен кога треба да се вети нешто, но имам многу, многу добро чувство, а обично можам да им верувам на моите чувства.