Протестот во Атина за името Македонија или против владата?


Атина – Кој стои за утрешниот протест? Како течат подготовките? Каква порака ќе упатат Грците до владата? Ќе добие ли собирот карактеристики на антивладин протест? – се само дел од прашањата што ги поставува и ги анализира МИА во пресрет на демонстрациите во Атина закажани за утре напладне. Под силни безбедносни мерки, со затворени улици […]

Партијата на Бачев бара Македонија да не влегува во НАТО


Единствена Македонија во Собранието поднесе Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за членство на Македонија во НАТО што ја донесе Собранието на 23 декември 1993 година. Меѓутоа, според реакцијата на оваа партија, Талат Џафери со допис ги вратил материјалите со образложение дека политички партии не можат да поднесуваат иницијативи. Според оваа партија, […]

Амбасадорот на САД во Атина: Постои јасна можност да се реши прашањето за името


Постои јасна можност и тоа е пораката од Нимиц и од Скопје и од Атина, вели американскиот амбасадор Џефри Пајат за грчката телевизија Антена. Запрашан дали предвидува затворање на прашањето за името пред НАТО Самитот, Пајат за Антена одговорил дека нема да даде никакво предвидување, но САД ги поддржуваат напорите на Нимиц. – Важната точка […]

„Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија


Меѓународната агенција за оценка на кредитниот рејтинг „Фич“, го подобри кредитниот рејтинг на Македонија, ББ од негативен во позитивен. На подобрувањето на рејтингот влијаела политичката стабилизација, подобрувањето на меѓународните односи, напредокот на реформите во „план 3-6-9“, резултатот од локалните избори, како и активноста на Специјалното јавно обвинителство околу прислушуваните разговори.Од агенцијата наведуваат дека, дипломатските сигнали […]

Владата го повтори огласот за директори


Владата го поништи објавениот итен оглас за директори и заменици и сега објави нов оглас со подолг рок.Првиот оглас беше со рок за пријавување од три дена, додека новиот оглас има рок за пријавување од 15 дена. -Рокот за пријавување на кандидатите изнесува 15 дена од објавувањето на огласот во дневните весници , а рокот […]

Подметната бомба e причина за експлозијата во Даночната управа во Анкара


Експлозијата во Даночната управа во Анкара била предизвикана од подметната бомба, а осомничениот за нападот е убиен во полициска операција, соопштија денеска турските власти. Во вчерашната експлозија беше уништена зградата на Даночната управа и три лица беа повредени.. Властите соопштија дека се уапсени осум лица осомничени за поврзаност со убиениот, кој е идентификуван како Ерсен […]

Османи: Јункер доаѓа во Македонија во февруари


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер доаѓа во Македонија кон крајот на февруари, потврди вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во вечерашното гостување на дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма. Османи верува дека тоа ќе биде посета за поттик на реформите бидејќи е уверен оти Македонија ќе биде дел од стратешкиот документ на […]

Хан в среда во Белград, ден по објавувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ


Европскиот комесар за преговори за проширување и соседство Јоханес Хан на 7 и 8 февруари доаѓа во официјална посета на Србија. Хан ќе го посети Белград само еден ден по објавувањето на новата Стратегија за проширување на Европската комисија за Западен Балкан, а по Белград на 9 февруари ќе ја посети Подгорица. Се очекува комесарот […]

Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со унгарскиот премиер Орбан


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, денеска оствари средба со Премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, г-дин Виктор Орбан, кој беше придружуван од министерот Антал Роган. На средбата,  како соопштила  досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ беше оценета како одлична и од двете страни се потенцираше дека […]

„Apple“ одвои 240 милиони долари за новата серија на Витерспун и Анистон


Продуцентската куќа на Рис Витерпсун „Хелоу Саншајн“ продаде три проекти на компанијата „Apple“, а еден од нив е проектот за нова серија во која покрај Витерспун ќе глуми и Џенифер Анистон. Темата на серијата е поврзана со утринската „телевизиска војна“ и е инспирирана од книгата на новинарот Си Ен Ен, Брајан Стетлер „Top of the […]

Харадинај доби американска виза откако одлучи да не го укине Специјалниот суд


Американската амбасада му издаде виза на косовскиот премер Рамуш Харадинај, веднаш откако се повлече од намерата за укинување на Специјалниот суд, потврдил добро информиран извор за весникот „Експрес“. – За повлекувањето од намерата за укинување на Специјалниот суд премерот Рамуш Хараднај е награден со американска виза,за што неодамна беше одбиен, бидејќи не успеа да ги […]

ИХФ потврди, СП за ракометари – кадет ќе се игра во Скопје


Високи претставници на ИХФ во минатите два дена беа во Скопје каде по извршената инспекција ги потврдија двете најголеми арени во Скопје како домаќини на натпреварите на Светското кадетско првенство во ракомет 2019 година. – Данецот Пер Бертелсен во својство на Претседател на Комисијата на ИХФ за организација на настани и натпреварувања, заедно со Полјакот […]

Можно е зголемување на уплатата во буџетот на ЕУ по излегувањето на Британија


Осум источноевропски членки на ЕУ се согласија да ги зголемат уплатите во буџетот на Унијата за 1,1 отсто, откако Велика Британија, која значително придонесуваше за европскиот буџет, ја напушти ЕУ, изјави Јанос Лазар, шеф на Кабинетот на украинскиот премиер Виктор Орбан. Министри и други претставници на Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Бугарија и Романија […]

По честите прозивки од Трамп, Мерил Стрип побара правно да го заштити своето име


Познатата холивудска актерка Мерил Стрип поднела барање за заштита на сопственото име. Барањето било поднесено на 22 јануари и било побарано да не се употребува во забавната индустрија, филмовите, јавни говори и автограми. Во својата 40 годишна кариера, актерката има добиено три Оскари, три Еми награди и шест Златни глобуси, а минатата недела беше по […]

Ќе останела без коса: Жена од САД добила фен што испушта оган (ВИДЕО)


Не е реткост луѓето што нарачуваат работи преку интернет да не се задоволи од производот што го добиваат. Ерика Шолбред од Амазон нарачала фен за коса, а кога сакала да ја исуши косата со него, за малку ќе останала без неа. На видео снимката се гледа дека од фенот излегува оган, од кој се здобила […]

Косовски обвинител: Имаме докази за убиството на Оливер Ивановиќ


Главниот обвинител на Косово Александар Лумези изјави денеска дека обвинителството располага со определени докази за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ. – Ние имаме некои докази кои што сме ги обезбедиле досега, но треба да преземеме мерки за откривање на сторителот на кривичното дело, изјави Лумези во интервју за поратлот „Арбреши“. Лумези изјави […]

Половина милион фунти за свадбата на принцот Хари и Меган Маркл


Откако ја објавија веридбата, моментално најпопуларниот пар во светот, принцот Хари и актерката Меган Маркл се постојано во центарот не медиумското внимание. Свадбата на славниот пар е закажана за 19-ти мај во капелата Св. Џорџ и ќе чини 500. 000 фунти. Кралското семејство ќе  ги покрие свадбените трошоци, а на свадбата се планира да бидат поканети […]

Британија дозволи третман за раѓање бебе од ДНК од три лица


Британски официјални лица за плодност денеска издадоа дозвола на лекарите на една клиника во североисточна Англија со која можат да применат третман за раѓање бебе од ДНК од три лица, две жени и еден маж. Тој третман би требало да им помогне на двете жени да спречат нивните деца да наследат смртоносни генетски болести. Третманот […]

Шекеринска – Харадинај: Одлична соработката меѓу Македонија и Косово


Македонија и Косово се две пријателски земји, чии односи се базираат на меѓусебно почитување, доверба и отвореност за соработка, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Шекеринска, која престојува во еднодневна официјална посета на Косово, на средбата истакнала дека Македонија цврсто верува оти добрососедските односи се вистинскиот пат […]

Уште еден земјотрес почувствуван во Скопје


Откако утрово скопјани ги разбуди земјотрес со магнитуда од 2,6 степени по Рихтеровата скала во 08. 03 часот, уште еден земјотрес беше почувствуван во 15,24 часот. Јачината на вториот земјотрес беше со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала.