Османи: Јункер доаѓа во Македонија во февруари


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер доаѓа во Македонија кон крајот на февруари, потврди вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во вечерашното гостување на дебатната емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

Османи верува дека тоа ќе биде посета за поттик на реформите бидејќи е уверен оти Македонија ќе биде дел од стратешкиот документ на ЕК за проширување кон Западен Балкан, што идната недела треба да се објави во Брисел.

Прогнозите на Османи се дека Македонија на Самитот во јуни ќе добие и датум за старт на преговорите за членство.