Ќе останела без коса: Жена од САД добила фен што испушта оган (ВИДЕО)


Не е реткост луѓето што нарачуваат работи преку интернет да не се задоволи од производот што го добиваат.

Ерика Шолбред од Амазон нарачала фен за коса, а кога сакала да ја исуши косата со него, за малку ќе останала без неа.

На видео снимката се гледа дека од фенот излегува оган, од кој се здобила со изгореници на рацете.

Шолбред се пожалила за неисправниот производ, но од Амазон се уште нема добиено одговор.