Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со унгарскиот премиер Орбан


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од потпретседателот Александар Николоски, денеска оствари средба со Премиерот на Република Унгарија и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, г-дин Виктор Орбан, кој беше придружуван од министерот Антал Роган.

На средбата,  како соопштила  досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ беше оценета како одлична и од двете страни се потенцираше дека истата треба да продолжи да се развива и во иднина. Премиерот Орбан изрази целосна поддршка за новото раководство на партијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Мицкоски и Премиерот на Унгарија Орбан разговараа и за односите помеѓу Република Македонија и Република Унгарија, при што јасно беше изразена недвосмислена поддршката од г-дин Виктор Орбан за Република Македонија на својот пат кон евро-атланските интеграции.

Без разлика што делува како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите свои контакти и пријателства за промоција и и забрзување на евро-атланските интеграции на Република Македонија.

Претседателот Мицкоски го информираше г-динот Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици.

На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики.

Орбан и Мицкоски заклучија дека соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ и понатаму ќе продолжи да се развива насока на продлабочување на пријателските односи, како и во насока на споделување на искуствата помеѓу двете партии.