Сто четириест и шест години од раѓањето на Гоце Делчев


Во Македонија денеска се одбележуваат 146 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. По тој повод делегација на Владата на Република Македонија во состав Радмила Шекеринска министер за одбрана, заемник министерот за култура Владимир Лазовски и заменик министерот […]

Лејди Гага ја откажа светската турнеја заради болки


САД- Американската поп-ѕвезда Лејди Гага ги откажа последните 10 концерти во рамки на светската турнеја поради здравствени проблеми. Пејачката на Твитер објави дека поради силни болки ги откажува концертите и дека поради да води повеќе сметка за нејзиното здравје. Во наредниот период Лејди Гага имаше закажани концерти во Лондон, Манчестер, Цирих, Келн, Стокхолм, Копенхаген, Париз […]

Во Атина протести и контрапротести за „Македонија“


Под силни безбедносни мерки, со затворени улици и метро станици утре на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент, јавува дописникот на МИА од Атина, ќе се одржи долго најавуваниот протест. Сите погледи во Грција се вперени кон собирот. Грците, според најавите масовно „ќе го бранат името Македонија“. Од сите краишта на земјата, организирани со автобуси, бесплатно […]

И Ума Турман го обвини продуцентот Вајнстајн за сексуален напад


САД- Актерката Ума Турман, муза на режисерот Квентин Тарантино и блиска на продуцентот Харви Вајнстајн, е уште едно име во листата со актерките кои го обвинија холивудскиот магнат за сексуален напад, пренесе Франс прес. Во интервјуто објавено вчера во „Њујорк тајмс“, Турман изјави на што била подложена. Фактите датираат од времето по прикажувањето на филмот […]

Четворица повредени кај Расадник


Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода. Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички. – Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто […]

Ќе се испитува обвинувањето за исчезнато бебе


Во врска со настанот на Клиниката за гинекологија, за наводно исчезнато бебе, за кој објавија дел од медиумите, Министерството за здравство со допис информира дека е разговарано со директорката на Клиниката. – По спроведување на законските процедури и утврдување на околностите, дополнително ќе ја информираме јавноста, наведуваат од Министерството за здравство. Дел од медиумите објавија […]

Нимиц: Протечените детаљи не се сто отсто точни


Во интервјуто за „360 Степени“, посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, зборуваше за неговиот сет-идеи кој, повеќе или помалку, „протече“ во јавноста и нудењето непреведени сложени имиња со географска одредница. – Не сакам за ова да зборувам, свесен сум дека некои работи „протекоа“, но не се, не целиот документ, можеби и тоа се случило, […]

Нови контејнери за селекција на стакло поставени во повеќе градови


Нови контејнери за селекција на стаклен отпад, т.н. зелени контејнери се поставени во Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Струмица, Штип и во Велес, соопшти компанијата „Пакомак“, која ги повикува жителите да се приклучат на еко-мисијата и да ги користат што е можно почесто. „Во повеќе акции за спроведување стаклен отпад од домовите, реализирани во Охрид, Прилеп и во Скопје […]

Метео: Сообраќај по влажни коловози, на Попова Шапка врнежи од снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во јужните делови од државата коловозите се претежно суви, соопштија од ЈП „Македонија пат“. На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов снегот не го попречува одвивањето на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури […]

(ВИДЕО) Робот подготвува и служи кафе во кафуле во Токио


Во кафулето „Хен-на“ во Токио, од неделава, задолжен за правење и послужување кафе, е роботот „Соер“. Угостителскиот објект се наоѓа во елитен трговски дел од јапонската престолнина. Принципот е следен: роботот ги скенира нарачките од автоматот, ги пречекува гостите, го меле и приготвува кафето и го служи фалејќи се дека тоа е повкусно од кое било друго […]

Тврдење на српски новинар: Убиецот на Оливер Ивановиќ е познат, добил 40 илјади евра за атентатот


Српскиот новинар Стефан Цветковиќ објави неколку фотографии од лице за кое тврди дека е вмешано во атентатот врз Оливер Ивановиќ. До сликите дошол заедно со неколку негови колеги Албанци во Косово со кои истражувале и дошле до информација дека лицето од сликата пристигнало во Косово на 12 јануари, а околу канцеларијата на Ивановиќ поминало 14 […]

Леб со банани, ореви, какао и суви сливи


Состојки: 4 зрели банани 100 мл сок од лимон 80 г путер 5 јајца 150 г шеќер 3 лажици какао 1 прашок за печиво 1 лажичка сода бикарбона 3,5 шолји пченично брашно 1/2 шолја сечкани ореви 1/2 шолја сечкани суви сливи Приготвување: Бананите испасирајте ги и прелијте ги со сок од лимон. Брашното измешајте го […]

Детален неделен хороскоп


ОВЕН Работа: Оваа недела ќе ги средувате финансиите, со тоа што ќе се фокусирате на она што го имате, наместо на она што го немате. Немојте да сте нетрпеливи и незадоволни од работата. Љубов: Кога станува збор за љубовниот живот, добро е да се прашате дали има некоја посебна личност во вашиот живот која ви […]

Интервју со Џозеф Вилијамс, пејач на „Тото“: Скопје ќе ги слушне најголемите хитови


Џозеф Стенли Вилијамс (57), или во светските музички кругови познат како Џо Вилијамс, пејачот на американскиот бенд „Тото“ во интервју за „Независен весник“ вели дека е возбуден што првпат во својата кариера ќе настапат во овој дел од Земјината топка. Концертот на „Тото“ во организација на „Авалон продукција“ ќе се одржи на 5 март во […]

Хит-модно парче од Загреб до Њујорк: Северина и Џенифер Лопез носат ист кардиган од Гучи


Кардиганот на италијанската модна куќа, кој го обожаваат поп-ѕвездата Џенифер Лопез и богатата наследничка Петра Еклестон, ја освои и хрватската и регионална поп-ѕвезда Северина Којиќ. Сплитската пејачка на Инстаграм објави фотографија на која од прозорец го гледа Загреб облечена само во плетениот кардиган на Гучи. Широкото плетиво со тигар на грбот веќе е хит на […]

Протест во Тирана по најавата дека Албанија и подарила на Грција 12 милји во Јонско море


Во организација на граѓанскиот сектор денеска пред Владата во Тирана беше одржан протест против, како што беше наведено,последнот договор со што Албанија на Грција и отстапува 12 милји од Јонско Море. Стотици граѓани со пароли на кои пишуваше „Татковината во опасност“,„Се продава достонството на Чамите“, бараа поништување на договорот. „Овие ни го земаат имотот, го […]

Мукаетов: Комплименти до Раул, поединци да ги остават суетите дома


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешното редовно Годишно собрание се осврна на настапот на репрезентацијата на Европското првенство во Хрватска. Тој изрази задоволство од прикажаното во Загреб, во првата групна фаза, но и забелешки за игрите во Вараждин во вториот дел од шампионатот. „Настапот во првата фаза беше максимално успешен. […]

Грчки медиуми со детали од заканите до Коѕијас: Имаме три куршуми, по еден за секоја Македонија


„Имаме три куршуми, по еден за секоја Македонија“, пишувало, според грчките телевизии Стар, ЕРТ и Скај, во дописот со закани испратен завчера до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Освен ова, јавува дописникот на МИА од Атина, според истите извори, било откриено и второ писмо што било адресирано до уште тројца министри во грчката влада. […]

Половина од Македонците би го дале името за НАТО и ЕУ


Половина од етничките Македонци даваат поддршка за менување на името со цел влез на Македонија во ЕУ и НАТО, покажува анкетата на Институт за демократија „Социетас цивилис“. При тоа 30 отсто од испитаниците од македонска националност одговориле дека целосно го поддржуваат тоа, а 20 отсто дека делумно. 42 отсто одговориле дека воопшто не поддржуваат промена […]

Коѕијас: Нимиц не е надлежен да зборува за политиката на Атина


Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, го искритикува посредникот во преговорите за името, Метју Нимиц, дека за време на посетата на Скопје зборувал за политиката на Атина, а тоа не било во негова надлежност. „Имав долг разговор со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, кој се врати од Скопје. Јасно и […]