Нови контејнери за селекција на стакло поставени во повеќе градови


Нови контејнери за селекција на стаклен отпад, т.н. зелени контејнери се поставени во Скопје, Прилеп, Охрид, Струга, Струмица, Штип и во Велес, соопшти компанијата „Пакомак“, која ги повикува жителите да се приклучат на еко-мисијата и да ги користат што е можно почесто.

„Во повеќе акции за спроведување стаклен отпад од домовите, реализирани во Охрид, Прилеп и во Скопје во населбите Козле, Тафталиџе и Аеродром, досега се собрани повеќе од 90.000 шишиња, тегли и друг стаклен амбалажен отпад“, инфирмира компанијата.