Метео: Сообраќај по влажни коловози, на Попова Шапка врнежи од снег


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во јужните делови од државата коловозите се претежно суви, соопштија од ЈП „Македонија пат“.

На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов снегот не го попречува одвивањето на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и засеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.