Британија дозволи третман за раѓање бебе од ДНК од три лица


Британски официјални лица за плодност денеска издадоа дозвола на лекарите на една клиника во североисточна Англија со која можат да применат третман за раѓање бебе од ДНК од три лица, две жени и еден маж.

Тој третман би требало да им помогне на двете жени да спречат нивните деца да наследат смртоносни генетски болести.

Третманот би требало да ги реши проблемите во врска со митохондријата која со аномалии може да доведе до состојба како што е мускулна дистрофија и слабост на мускулите.

Ова е првпат британските власти да дозволат спроведување ваков третман, кој претходно е направен при раѓањето на бебе во Мексико во 2016 година со помош на експериментална терапија.