Џенифер Лоренс раскина со режисерот Аронофски


САД- Оскаровката Џенифер Лоренс (27) раскина со славниот режисер Дарен Аронофски (48), по една година врска. Двојката се запозна лани на сетот на филмот “Мајка“кој го режираше Аронофски, а последен пат е видена на доделувањето на Гувернерските награди во Лос Анџелес, месецов. Аронфски своевремено имаше изјавено дека Лоренс е актерка со редок талент. Џенифер претходно […]

Тендерите на институциите од следниот месеци стануваат достапни на јавноста 


Договорите за јавните набавки од следниот месец ќе и бидат достапни на јавноста. Договорниот орган ќе има обврска договорот да го објави на својата веб страница, а потоа ќе може да го реализира, потврди за МИА директорот на Бирото за јавни набавки Ѓорѓи Ѓоргиевски. Според оваа новина, што претходно ја најави премиерот Зоран Заев, од […]

Србија ќе ги обесштетува девизите штедачи од поранешна СФРЈ


Српската Влада до Собранието достави Предлог за измени и дополнувања на Законот за регулирање на јавиот долг на Србија, со кој се предвидува исплата на заостанатите девизни заштеди на сите штедачи од државите на поранешна Југославија. Со предлогот се предвидува исплатата на штедачите да биде извршена во периодот меѓу 31 август 2019 и 29 февруари […]

НБА лига: Крај на победничката низа на Бостон


Мајами е екипата што му застана на победничкиот пат на Бостон Селтикс. „Жешките“ ноќеска на свој терен ги совладаа селтикси со 104:98. Клучната предност Мајами ја оствари уште во првата четвртина која заврши 27:16. Словенецот Горан Драгич со 27 поени, четири асистенции и пет скока беше најзаслужниот за триумфот на Мајами. Во поразениот состав се […]

(ВИДЕО)Заев го пречека Борисов во манастирот Водоча


Со тет-а-тет средба на премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, во манастирот Водоча кај Струмица почнаа серија активности во рамки на денешната заедничка седница на владите на двете земји. Заев и Борисов по разговорите во Водоча ќе положат цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во центарот на Струмица. […]

Судскиот процес за „Тврдина таргет“ закажан за 22 декември


Предметот Тврдина-Таргет за сомнежите за нелегалното прислушување на граѓани од 2009 до 2015 година, од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР, почнува на 22 декември. Со судечкиот совет претседава судијата Ленка Давиткова, објави порталот „Сакамдакажам.мк“. Главните обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски, во моментов се во притвор во Грција и неизвесно е […]

ФИФА ранг листа: Нов скок на Македонија за девет позиции


Македонската фудбалска репрезентација бележи нов напредок на ФИФА рејтинг листата. На ноемвриското рангирање објавено денеска од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76 место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец. Прогресот на македонската репрезентација се должи на победата над Норвешка во пријателскиот дуел во Скопје (2:0). На […]

Номинациите за наградите Греми на 28 ноември


САД- Поп-ѕвездите Ед Ширан и Кедрик Ламар се најголеми фаворити за наградите Греми, за трите најважни категории: албум, снимка и песна на годината, прогнозираат музичките познавачи. Објавувањето на номинациите за наградите Греми, музичкиот еквивалент на филмскиот Оскар, треба да се случи на 28 ноември (вторник) во Њујорк, САД. Втора година по ред како британска поп-ѕвезда […]

Рекордер: Ибрахимовиќ со седум различни екипи во Лигата на шампиони


Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ стана првиот играч што настапил за седум различни екипи во Лигата на шампиони. Ибрахимовиќ влезе во историјата на елитното натпреварување, откако синоќа настапи за Манчестер јунајтед на гостувањето во Швајцарија против Базел. Јунајтед го загуби дуелот со 1:0, а Ибрахимовиќ ги одигра последните дваесетина минути. Швеѓанецот претходно во ЛШ играше […]

Утре е првата седница за пратенички прашања со новата Влада


Премиерот и министрите утре се на отчет пред пратениците. На утрешната собраниска седница на дневен ред се пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува по 100 дена од новата Влада, но беше одложена поради локалните избори. Според собранискиот Деловник, седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Овојпат е поместена за […]

Земјотрес ја погоди Грција


Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран околку полноќ во реонот на грчкиот град Катерини, во северозападното крајбрежје на Егејското Море. Атинскиот геодинамички институт соопшти дека еприцентарот на потресот бил на 24 километри северно од Катерини и на 300 километри северозападно од Атина. Нема информации за жртви и предизвикани материјални штети […]

Шест месеци по породувањето: Топ-моделот Катарина Ивановска во топ-форма


Македонскиот топ-модел со светска кариера Катарина Ивановска (29) се врати во топ-форма, само шест месеци по породувањето, по примерот на светските топ-модели. Во мај со партнерот Цобе станаа родители на синот Вања. Младите родители одлично се справуваат со новите обврски, а малиот Вања летово веќе уживаше на Охридското Езеро, планината Копаоник во Србија, островот Миконос […]

Едно лице е потешко повредено во вчерашните сообраќајки во Скопје


Едно лице било потешко повредено во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во пет незгоди биле полесно повредени шест лица, а во четири била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и двајца возачи се […]

Мис на Македонија Емилија Розман дипломата ја посвети на татко и


Манекенката и ексмис на Македонија Емилија Розман дипломираше на Филозофскиот Факултет во Скопје. Емилија стана дипломиран дефектолог на Институтот за дефектологија, односно специјална едукација и рехабилитација при факултетот на УКИМ. По тој повод, убавицата објави фотографија од свечениот момент и напиша емотивна порака, која ја посвети на нејзиниот прерано починат татко. “За тебе тато. Дипломиран […]

Скопје ќе се чисти во голема акција


Град Скопје од денеска почнува голема акција да се исчистат улиците, со цел да се намали загаденоста. Акцијата ќе почне денес во општина Бутел и ќе се спроведува во следните 20-тина денови. -Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните […]

Ратко Младиќ: Ова беше само прво полувреме


По изрекувањето на првостепената пресуда во Хашкиот трибунал, Ратко Младиќ изјави, преку својот син Дарко, дека се додека е жив ќе се бори за откривање на правата вистина за борбата на Србите. – Ова беше само прво полувреме. Ќе се борам да се укинат овие наложени лаги и да се открие правата вистина за борбта […]

Заев и Борисов ќе одржат заедничка владина седница


Македонија и Бугарија денеска во Струмицаќе ја одржат првата меѓувладината седница. Со седницата ќе заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, а ќе бидат потпишани и неколку договори и меморандуми. Во фокусот на разговорите ќе биде напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија иМакедонија, како и други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на […]

Дачиќ го искара украинскиот амбасадор


БУЕНОС АИРЕС – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, го предупреди денеска украинскиот амбасадор во Белград Олексанар  Александрович да “размисли добро“ кога дава изјави порачувајќи му дека не е повикан да дава оценки за надворешната политика на Србија и дека никој никогаш нема да го прими  “ако дејствува на ваков начин “. “Српскиот […]

ПСЖ го демолира Селтик


Натпреварите од 5. коло од Лигата на шампионите ги одбележа високата победа на ПСЖ од 7-1 во дуелот против Селти. По два голови постигнаа Нејмар и Кавани, а еднаш во листата на стрелците се запишаа Верати, Алвеш и Мбапе, кај гостите погоди Дембеле и тоа во првата минута. Манчестер Јунајтед продолжува со лошаат сезона, вечерва […]

Тврдокорните повторно протестираат


Здружението „Тврдокорни“ вечерва одржа протест против Законот за јазиците пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред Собранието на Република Македонија. Учесниците на протестот изразија разочараност од раководствата на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за како што рекоа, низата предавства направени во изминатите години. Според организаторите на протестот, двојазичноста не е само губење на македонскиот […]