НБА лига: Крај на победничката низа на Бостон


Мајами е екипата што му застана на победничкиот пат на Бостон Селтикс. „Жешките“ ноќеска на свој терен ги совладаа селтикси со 104:98. Клучната предност Мајами ја оствари уште во првата четвртина која заврши 27:16.

Словенецот Горан Драгич со 27 поени, четири асистенции и пет скока беше најзаслужниот за триумфот на Мајами.

Во поразениот состав се истакнаа Д Вотерс со 26 поени и Кајри Ирвинг со 23 поени.

И покрај поразот, Бостон со 16 победи и само три порази е најдобриот тим во НБА лигата додека Мајами сега има биланс од осум триумфи и девет загубени средби.