Номинациите за наградите Греми на 28 ноември


САД- Поп-ѕвездите Ед Ширан и Кедрик Ламар се најголеми фаворити за наградите Греми, за трите најважни категории: албум, снимка и песна на годината, прогнозираат музичките познавачи. Објавувањето на номинациите за наградите Греми, музичкиот еквивалент на филмскиот Оскар, треба да се случи на 28 ноември (вторник) во Њујорк, САД.

Втора година по ред како британска поп-ѕвезда се трка со американски ар-ен-би пејач за престижните награди. Лани, Адел ја победи Бијонсе во трите категории.