Македонија и Бугарија заеднички ќе ги зголемуваат туристичките посети


Македонија и Бугарија денеска во Струмица потпишаа Договор за соработка во туризмот. Документот, што го парафираа бугарскиот министер за туризам Николина Ангелкова и македонскиот заменик-министер за економија Кире Наумов, меѓу другото, предвидува интензивна соработка во туризмот, зголемување на меѓусебните туристички посети и заедничко учество на туристички саеми. Скопје и Софија ќе соработуваат и во заедничко […]

Автобус со Македонци се судри во Австрија


Возач на автобус од Македонија е повреден во сообраќајна несреќа при судир со автомобил што се случила синоќа околу 22 часот во близина на Шлиeрбах, Австрија. Станува збор за автобус на македонскиот превозник „Насир Турс“ кој сообраќал од Хамбург за Македонија. За МИА од „Насир Турс“ потврдија дека 40-годишниот возач се здобил со повреди и […]

Ќе се намалат цените во роаминг меѓу Македонија и Бугарија


Македонија и Бугарија денеска со меморандум ја официјализираа најавата за намалување на меѓународните тарифи за роаминг во телекомуникациските услуги. Меморандумот го потпишаа македонскиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и бугарскиот министер за транспорт и информатички технологии, Ивајло Московски, во тек на денешната заедничка седница на владите на двете држави што се одржа […]

НБРМ до 15 декември ќе го пропишува минималното ниво на капитал за банките во наредната година


Советот на Народната банка на Република Македонија денеска донесе измени и дополнувања на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор. Од НБРМ информираат дека со донесените измени е утврдено дека најмалку еднаш годишно овластените лица од Народната банка го оценуваат минималното потребно ниво на капитал за банката, коешто се однесува за наредната година. Најдоцна […]

Невладините организации се подготвуваат за престојниот Саем


Невладините организации ги вршат последните подготовки за престојниот НВО Саем, кој ќе се оддржи на 6 декември во просториите на Младинскиот културен центар. Работниот наслов на саемот, кој што го организира Волонтерски центар Скопје, а во соработка и со поддршка на Град Скопје, е: „Активно граѓанство = подобро општество“. Одбраниот датум за одржување на саемот е во насока и на одбележување на 5-ти Декември, меѓународниот […]

Клоп го сака Дракслер во Ливерпул


Премиерлигашот Ливерпул почна преговори со ПСЖ за ангажман на германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер (24). „Црвените“ сакаа да се засилат со Германецот во текот на летото, но тогаш до договор не дојде. Сега нивните шанси за овој трансфер изгледаат поголеми. За трансферот лично инсистира менаџерот Јирген Клоп. Во истовреме ПСЖ е притиснат да продаде дел од […]

Агенција за филм: Повлековме назад 300 илјади евра од „Јадран филм“


Агенцијата за филм на Република Македонија известува дека првите 300 илјади евра државни пари се одземени од хрватската продукција „Јадран филм“ како последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“. Како што соопштуваат од Агенцијата, согласно правосилното извршно решение, по законски пат, направен е поврат на речиси 19 милиони денари, колку што […]

Акинфеев по 11 години не прими гол во меч во ЛШ


Голманот на ЦСКА Москва, Игор Акинфеев, конечно, по 43 натпревари во Лигата на шампиони успеа да не прими гол на еден меч. Прекинот на негативниот рекорд и лошата серија долга 11 години на дуелот со Бенфика (2:0) го израдува тренерот на „армејците“, Виктор Гончаренко. „Се разбира дека му честитавме по натпреварот. Сите играчи од одбраната […]

Нов албум на Горан Трајковски, промоција во МКЦ


Нов албум на музичарот Горан Трајковски со наслов „Тешкиот глас на новите химни“ во издание на Младинскиот културен центар од Скопје. Промоцијата на албумот ќе се одржи утре (24 ноември) во 12 часот во Ап(о)тека во МКЦ. Албумот е сниман, миксан и мастериран во студиото „Тралала“ во Скопје. Истиот ќе може да се набави на […]

Курц: „Гугл“ и „Фејсбук“ треба да плаќаат данок каде што остваруваат профит


„Гугл“, „Фејсбук“ и другите интернет компании се активни и остваруваат заработка во Австрија и во другите земји што е легитимно, но би требало и да плаќаат данок во тие држави, изјави лидерот на Австриската народната партија (ОВП) и кандидат за иден анстриски канцелар Себастијан Курц. – Во моментов како во цела Европа, така и во […]

Градската болница „8 Септември“ вработува 60 медицински сестри


Градската општа болница „8 септември“ објави оглас за вработување на 60 медицински сестри на неопределено време. Со тоа ќе се пополнува недостигот од средномедицински кадар, поради што четири хируршки сали и три одделенија се затворени речиси цела година. Најголем е недостигот од сестри инструментарки и сестри за анестезија, потребни кога се прават операции. Ова е […]

Пливачите на Бета со осум медали од Крагуевац и од Трст


Пливачите од клубот Бета освоија осум медали на меѓународните настапи во Србија и во Италија. Од пливачите кои настапија на „Куп Крагуевац“, Сара Анастасовска освои прво место во дисциплината 50 метри грбно и трето место во дисциплината 200 метри слободно додека Ана Жабокова освои трето место во дисциплината 50 метри грбно. Од пливачите кои настапија […]

Гвен Стефани со празничен албум “Правиш да е Божик“


САД- Пред две ипол години, по 13 години брак се разведуваше од Гевин Роздејл со кого има  три деца. Сега, е среќна во врската со кантри-ѕвездата и жири на реалното шоу “Глас“  Блејк Шелтон кој за годинава “Пипл“ го избра за најсекси маж на планетата. За неа Божик е свет празник. По трет пат ќе […]

Грција ја стави Македонија на даночна „црна листа“


Грчкото Министерство за финансии објави „црна листа на даночни раеви“, земји кои во 2016 година се сметаат дека не соработувале во даночната област, меѓу кои се и Македонија, Бугарија и Кипар. Грчките медиуми јавуваат дека речиси сите договори склучени со фирми и физички лица од Македонија се подложни на даночна ревизија. Тоа значи дека трансакциите […]

Баерн М. без Алкантара на подолг рок


Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиго Алкантара се повреди во синоќешниот натпревар со Андерлехт во Лигата на шампиони и го очекува подолга пауза. „Алкантара има сериозна повреда на мускул и веројатно го чека пауза од неколку месеци“, соопшти Баерн М. Во тешката победа над Андерлехт (2:1) се повреди и Арјен Робен, но тој веројатно нема долго […]

Судењето за „Сопот“ одложено за 20 декември


Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено рочиште за случајот „Сопот“, бидејќи Судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами чија лична карта е неважечка. Следното рочиште ќе се одржи на 20 декември. Предметот „Сопот“ е од 2003 година кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа кога теренско возило на […]

Прифатено обвинението за случајот „Топлик“


Основниот суд Скопје го прифати обвинението за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Топлик“ осомничени се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште. За „Топлик“ снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази.

Синдикатот на новинарите со поддршка за барањата на поранешните вработени во МПМ


Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) го поддржува барањето на поранешните вработени во МПМ и Медиа Принт за исплаќање на неисплатените плати и хонорари. – ССНМ се солидаризира со поранешните вработени во МПМ и Медиа Принт и во нивното барање до надлежните институции, што поскоро да се решат криминалните случаи поврзани со МПМ […]

(ФОТО) Интимна и емотивна изведба на „Кралот Лир“ во Турски театар


Добро познатата Шекспирова трагедија за Кралот Лир и неговите три ќерки чија премиера се случи во рамките на Охридско лето, за првпат вчеравечер се изведе во Скопје. Претставата е во режија на европскиот режисер Диего де Бреа, а играат фантастичните актери на Турскиот театар од Скопје. Драматургијата е направена во координација со режисерот де Бреа […]

Неформален стил: Кејт Мидлтон го покажа стомачето


АНГЛИЈА- Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (35) во неформален стил, на фудбалскиот терен на фудбалскиот клуб “Астон Вила“  го  покажа стомачето. Мидлтон, по прицот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (2), го очекува третото дете, што беше изненадување за Бекингемската палата. Приновата со принцот Вилијам ја очекуваат напролет, во април.