Пливачите на Бета со осум медали од Крагуевац и од Трст


Пливачите од клубот Бета освоија осум медали на меѓународните настапи во Србија и во Италија.

Од пливачите кои настапија на „Куп Крагуевац“, Сара Анастасовска освои прво место во дисциплината 50 метри грбно и трето место во дисциплината 200 метри слободно додека Ана Жабокова освои трето место во дисциплината 50 метри грбно.

Од пливачите кои настапија на „Марко Соранцио“ во Трст, Стефан Цветкоски освои второ место во дисциплината 50 метри делфин и трето место во дисциплината 100 метри делфин, а Јана Милковска освои второ место во дисциплината 100 метри слободно, второ место во дисциплината 100 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри делфин.