Македонија и Бугарија заеднички ќе ги зголемуваат туристичките посети


Македонија и Бугарија денеска во Струмица потпишаа Договор за соработка во туризмот. Документот, што го парафираа бугарскиот министер за туризам Николина Ангелкова и македонскиот заменик-министер за економија Кире Наумов, меѓу другото, предвидува интензивна соработка во туризмот, зголемување на меѓусебните туристички посети и заедничко учество на туристички саеми.

Скопје и Софија ќе соработуваат и во заедничко објавување туристички промотивни материјали, во организација и учество на конференции, семинари и други туристички настани, како и во заеднички настап на трети пазари.

Според статистичките податоци, во периодот јануари-септември годинава Бугарија ја посетиле повеќе од 413.000 македонски граѓани што е за 5,8 отсто повеќе од тој период лани. Во првите девет месеци од годинава над 319.000 Бугарија ја посетиле Македонија што е зголемување за 10,7 проценти во однос на лани.