Нов албум на Горан Трајковски, промоција во МКЦ


Нов албум на музичарот Горан Трајковски со наслов „Тешкиот глас на новите химни“ во издание на Младинскиот културен центар од Скопје.

Промоцијата на албумот ќе се одржи утре (24 ноември) во 12 часот во Ап(о)тека во МКЦ.

Албумот е сниман, миксан и мастериран во студиото „Тралала“ во Скопје.

Истиот ќе може да се набави на ЦД издание и ќе се продава по промотивна цена од 200 денари.

Албумот ќе добие и концертна промоција на 15 декември во Кино Фросина, а од утре ќе бидат пуштени во продажба и билетите по цена од 300 денари со која ќе добиете ЦД од „Тешкиот глас на новите химни“.