МЗТ Скопје Аеродром со свој тим и во јуниорската АБА лига


Регионалната АБА лига објави дека утре стартува и најавеното натпреварување во јуниорска конкуренција. Меѓу тимовите за кошаркари до 19 години што ќе бидат поделени во две групи и на МЗТ Скопје Аеродром. Во групата А во Белград, покрај јуниорите на аеродромци, ќе играат уште Црвена звезда, Цибона, Мега Бемакс и Морнар, а групата Б, во […]

Македонија и Бугарија договорија соработка во енергетиката


Македонија и Бугарија денеска во рамки на заедничката владина седница што се одржува во Струмица потпишаа два договора за соработка во енергетскиот сектор. Со нив се предвидува од почетокот на 2018 година воспоставување заеднички пазар за распределба на преносни капацитети меѓу електроенергетските оператори на двете земји. Тоа е регулирано во Договорот што го потпишаа бугарскиот […]

Македонското друштво „Илинден“ бара ослободување на Едмонд Темелко


Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, искажуваат огромна загриженост и вознемиреност за влошената здравствена состојба на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ), кој се наоѓа во притвор во Македонија. – Во име на сите Македонци […]

Борисов: Коридорот 8 е приоритет на Бугарија во регионот


Лидерите и министрите за транспорт на државите од Западен Балкан на 6. и 7. следниот месец на средба со претставници на Светска банка и со Европската инвестициска банка ќе разговараат за финансирање на изградбата на железничкото поврзување на Македонија, Бугарија и Албанија на Коридорот. Премиерите на Македонија и на Бугарија Бојко Борисов и Зоран Заев […]

Еден загинат и петмина повредени во несреќа кај Кратово


Едно лице почина од повредите што ги добило во тешката сообраќајка што се случи утрово на патот меѓу Кратово и Пробиштип, при судир на „рено меган“ со скопски таблички и „фолксваген“ со штипски ознаки. Петмина патници од двете возила биле префрлени во Клиничката болница во Штип, од кои едниот починал. Шестиот повреден бил пренесен во […]

Кондовец ја претепал сопругата пред малолетните деца


Триесет и тригодишна жена од скопското село Кондово била претепана од страна на нејзиниот сопруг. Инцидентот се случил во четвртокот околу 14 часот во семејниот дом. Насилниот маж ја влечел за косата и ја удирал по главата, лицето и телото, а потоа го зел нивниот осумгодишен син и заминал. Несреќната жена изгубила свест, па другите […]

Почна неделата на дизајн во Скопје


Вчеравечер во Јавна соба со неверојатниот звук на Артан Лили Бенд, ритамот на диџеите Алек Сотиров и Wish.ko и со совршено наместените експонати, во присуство на бројни гости, се отвори Седмата недела на дизајн во Скопје. Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со […]

Се заканувал дека ќе го разнесе судот со петарди


Полицијата поднесе кривична пријава против Е.И. (57) од Скопје, кој на 2 ноември годинава се закануваше дека ќе го разнесе судот при изрекувањето на пресудата за случајот „Дива населба“. Според истрагата, тој најпрво отишол во адвокатска канцеларија лоцирана на улица „Битпазарска“ и на вработена во канцеларијата и оставил лист со испишана заканувачка содржина. Потоа, пешки се […]

Во сообраќајка загина 80-годишна жена


Осумгодишна струмичанка загина во сообраќајка што се случи во средата околу 13.20 часот на улицата „Борис Поп Димитров“ во Струмица. Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако Ј.Г. (45) од Струмица, управувајќи патничко моторно возило „ланд ровер“ со бугарски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.Т. (80), која починала на местото на настанот. Се превеземаат […]

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не предвидува покачување на социјалната помош


Предлог буџетот на владата за 2018 година не предвидува покачување на социјалната помош, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. „Ветувањето за социјална помош од 12.000 денари е чиста предизборна манипулација на СДС. Помина цела една година откако Зоран Заев им вети и ги изманипулира граѓаните дека сите семејства кои немаат никакви приходи ќе добијат социјална помош од 12.000 […]

Хамилтон со нов тригодишен договор со Мерцедес вреден 150 милиони евра


Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон ги договори условите со Мерцедес за потпишување на нов договор според кој ќе заработи 150 милиони евра во наредните три години. Актуелната соработка меѓу Британецот и Мерцедес завршува на крајот на наредната сезона, па раководството на тимот реши да му понуди нови, пишува британски „Сан“. Договорот се очекува да […]

Чеферин: Без ВАР технологија на СП 2018, судијата да остане судија, а не робот


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин се спротивстави на употребата на ВАР технологија на натпреварите на Светското првенство во 2018 година. Според него, системот не е подготвен за употтреба на мундијалот во Русија и покрај тестирањата на голем број турнир и првенства. „Разбирам дека технологијата ќе се воведе порано или подоцна, но останувам малку конзервативен по […]

Српската старлета Сораја во секси тоалета на Зоран Јовановски


Српската старлета Сораја пак избра сексапилна тоалета на македонскиот дизајнер Зоран Јовановски, кој работи под брендот “ЈЗЈ“ за својот роденден. Српската јавност, претходно беше шокирана кога Сораја во ТВ емијата на Огнен Амиџиќ, избра мини фустан на Јовановски  со гола града. Јовановски со своето модно студио во центарот на Скопје веќе е на мапата на […]

Димитров и Захариева: Договорот за добрососедство што поскоро да влезе во сила


Струмица – Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија може да влезе во сила до крајот на годината, е најавата од денешните разговори на министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева, а во рамки на првата заедничка седница на владите на двете држави. Шефовите на дипломатиите изјавија дека ќе вложат […]

Нови четворица руски спортисти под суспензија поради допинг


Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) суспендира уште четворица руски спортисти за позитивни допинг резултати за време на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година. Во прашање се Александар Третјаков, Елена Никитина, Марија Орлова и Олга Птилчина пришто одземени се златниот медал на Третјаков и бронзениот на Никитина. По новото тестирање досега се суспендирани десет руски […]

Царовска: Зголемувањето на границата за пензионирање е последното решение


Владата се зазема сериозно за стабилизација на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување и веднаш формиравме владин Совет кој го води Министерството за труд и социјална политика и членуваат четиворица министри во него, дискутираме за состојбите во ПИОМ и двајца експерти од Светска банка работат на детални анализи на пензиските друштва, МАПAС и на Фондот […]

Министерот Тевдовски доби трета ќерка


Министерот за финансии Драган Тевдовски доби ќерка. Третата ќерка го заокружува среќниот семеен круг на Анита и Драган, кои ги имаат Ема и Каја, објави Женски магазин. Тевдовски пред да стане министер, предаваше квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје, но во јавноста малкумина знаат дека во младоста бил надежен […]

Зорица Заева манекенка за помош на лица со Даунов синдром


Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, во недела ( 3 декември) ќе биде дел од модната ревија во Струмица во клубот “Индустријал“. Појавувањето на Заева на модната писта е во знак на поддршка на лицата со ретки болести, настан што секој декември го организира здружението “Вера“. Модната ревија е од  16 часот и годинава е […]

Бугарската црква ќе го разгледува прашањето за МПЦ по консултација со другите цркви


Бугарската православна црква ќе го разгледува барањето на МПЦ-ОА да и стане црква-мајка откако ќе го слушне мислењето и на другите цркви, вели бугарскиот митрополит Варненски и Великопреславски Јован, пренесува БТА. Тој посочува дека прашањето за Македонската црква е сериозна тема што треба мора да биде решена на многу одговорен начин, при што ќе се […]

Венчаница од соништата: Серена Вилијамс во “Александер Меквин“


САД- Тениската ѕвезда Серена Вилијамс (36) , моментно на 22. позиција на листата ВТА, откри кој е дизајнерот на венчаницата што ја носеше на свадбата со бизнисменот Алексис Оханиан. Правата за ексклузивните фотографии од свадбата, ги имаше американскиот  “Вог“. Главната дизајнерка на куќата, Саша Бартон, ја потпишува спектакуларна венчаница, украсена со накит од 14 карати, […]