Се заканувал дека ќе го разнесе судот со петарди


Полицијата поднесе кривична пријава против Е.И. (57) од Скопје, кој на 2 ноември годинава се закануваше дека ќе го разнесе судот при изрекувањето на пресудата за случајот „Дива населба“. Според истрагата, тој најпрво отишол во адвокатска канцеларија лоцирана на улица „Битпазарска“ и на вработена во канцеларијата и оставил лист со испишана заканувачка содржина. Потоа, пешки се упатил кон објектите на Апелационен и Врховен суд на Република Македонија, каде се изрекуваа пресудите за кумановските случувања.

„Откако пристигнал пред Врховен суд, полициските службеници забележале дека околу појасот има залепено прачки кои наликувале на импровизирана експлозивна направа, кои всушност биле петарди“, соопшти МВР.