Македонските кошаркари подобри од словачките во претквалификациите за ЕП 2021


Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги започна претквалификациите за ЕП 2021. На гостувањето во Словачка, избраниците на Јорданчо Давитков ја совладаа домашната селекција со 74:66 (23:22, 21:8, 15:13, 15:23). По израмнетата прва четвртина, „црвено-жолтите“ ја затегнаа играта во одбрана, примија само осум поени и на полувреме заминаа со убедливи 44:30. Предноста по 30 минути беше […]

Уште еден скандал на снимателката што сопна мигрант


Парламентот на Унгарија го забрани пристапот на снимателката позната по шутирањето на мигранти на границата со Србија, бидејќи навредила пратеник за време на интервју. Претседателот на парламентот, Золтан Силаџи, денеска изјави дека забраната за пристап за Петра Ласло ќе важи до крајот на есенската сесија, која завршува во средината на декември. Таа работи за провладин […]

ЕЛЕМ е првиот клиент на изумот сензор за мерење на сончева енергија


Александар Момировски, Дамјан Постоловски, Јаков Докузов, Павел Ѓорѓиовски и Борче Ангеловски, млади истражувачи кои го открија соларниот сензор кој дава податоци колку сончева енергија има на одредено место, го започнуваат својот ангажман во ЕЛЕМ каде што ќе откриваат на која локација ќе може да се изгради фотонапонска централа. Нивниот тим „Свифт“ пролетва победи на светскиот […]

Од понеделник ќе се знае дали седиштето на ВМРО-ДПМНЕ останува без тераса


Неговиот претходник најави, но не успеаа да ја отстрани. Саша Богдановиќ, кој седна во градоначалничката фотеља во Општина Центар, ветува дека конечно ќе се справи со терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Откако општината утврди дека е дивоградба се соочуваше со опструкции и мешања од повиските инспекциски надзори за да се спаси од багерот овој дел […]

Или плата или гаснење на печката во ФЕНИ


Вработените во комбинатот Фени им дадоа последено предупредување на владата и на бугарската компанија „Енекод“ до понеделник да им се исплати заостанатата октомвриска плата. Загрижени за својата иднина и егзистенција, во ситуација кога стомаците, велат, се погласно зборуваат, подготвени се на радикални мерки. „Извршниот директор до понеделник до 12 часот да дојде и да ја […]

Како изгледа палатата на Мугабе?


Сменетиот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, има палата со 25 спални соби во Хараре,која вреди 10 милиони долари.Палата која се нарекува „Син покрив“ има две езера и се протега на 44 хектари. Таа е заштитена со систем кој вреди неколку милиони долари.Внатре има мермерни подови, скапи лустери и базен. Овој 93-годишен владетел со неговата сопруга […]

Министерство за култура: Потребен е компромис за Али Пашината џамија во Охрид


Контроверзите околу заштитата на вредното културно наследство на Охрид продолжуваат и натаму, а последен пример е реконструкцијата на Али Пашината џамија во старата чаршија, каде се предвидува изградба на минаре високо 33 метри, кое не постои на објектот повеќе од еден век. Тоа предизвика бурни реакции во јавноста, поради што од Министертвото за култура сметаат […]

Фудбалската ѕвезда Робињо во Италија е осуден на девет години затвор за силување


ИТАЛИЈА- Медиумите од Италија пишуваат дека поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, Робињо е осуден на 9 години затвор за силување на 22 годишна девојка. Инцидентот датира од јануари 2013, и Бразилецот се товари дека заедно со уште пет други лица силувале девојка со потекло од Албанија, која тогаш имала 22 години. […]

Рикардо Мути ќе диригира на традиционалниот Новогодишен концерт во Виена


АВСТРИЈА- Диригент на традиционалниот виенски Новогодишен концерт ќе биде италијанскиот маестро Рикардо Мути, соопштија денеска организаторите. Виенските филхармоничари подготвуваат посебна програм со богат репертоар на династијата Штраус и нејзините современици, а концертот се пренесува во 90 земји и го следат над 50 милиони тв гледачи. Мути, кој по петти пат ќе диригира на виенскиот Новогодишен […]

Реакција на банките доверители на „Фени“


Трите банки (Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк роуд) кои се доверители во комбинатот „Фени индустри“ до медиумите испратија писмена реакција во врска со обраќањето на Дмитри Черкаски, наводно преставник на компанијата „Кунико„.Во реакцијата на  банките се вели: „Банките доверители известуваат дека немаат намера преку средствата за информирање да полемизираат со некој Дмитри Черкаски, за сите […]

Во Белград уапсен Кељеменди- еден од најбараните криминалци на Балканот


СРБИЈА- Еден од најбараните криминалци на Балканот, Елвис Кељеменди (39) денеска е сослушан во првото основно јавно обвинителство во Белград и одредена му е мерка притвор од 30 дена.Неговитиот адвокат, Небојша Петровиќ, потврди за српски „Курир“ дека неговиот клиент ја негирал вината. Кељаменди е притворен поради кривично дело насилство во семејството и недозволено држење на […]

Во ЕУ годишно се случуваат 215.000 сексуални кривични дела


Најголем број сексуални кривични дела се регистрирани во Англија и Велс – 64.500 од кои 38.500 силувања.Евростат објави дека во државите-членки на ЕУ во 2015 година се евидентирани 215 илјади сексуални кривични дела, од кои третина се силувања.Извештајот на Евростат доаѓа во пресрет на утрешниот Меѓународен ден за елиминација на насилствата над жените. Повеќе од […]

“Тврдина Таргет“: Сашо Мијалков седнува на обвинителна клупа на 22 декември


Поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков за еден месец ќе седне на  обвинителна клупа во Кривичниот суд. Судијката Ленка Давиткова го закажа 22 декември како термин за првото рочиште за предметот “Тврдина Таргет“ кој се однесува на масовното прислушување и уништувањето на системите за следење на комуникациите. Јавноста нема да има можност во целост […]

Избрани нови претседатели на основните и апелационите судови


На седница на Судскиот совет денеска беа избрани претседатели на основните судови, апелационите и за Врховниот суд. За претседател на судот во Ресен беше избрана Емел Кранли Али, Снежана Манев е избрана за нов претседател на Основниот суд Куманово, Хасан Аасан е претседател на Основниот суд Тетово, а за дебарскиот Основен суд не беше избран […]

Шок во модниот свет: Бејли го напушта “Барбери“


Англија- По 17 години како креативен директор, Кристофер Бејли (46) го напушта кормилото на луксузниот британски бренд за облека “Барбери“ кој одамна го освојува светот и со своите парфеми за мажи и жени. Бејли, во изјавата истакна дека му било привилегија да се работи за брендот и дека на “Барбери“ со сјајната екипа му претстојат […]

Еден ангел помалку: Амбросио засекогаш ги симна крилата


САД-По 17 ревии за американскиот моден бренд за долна облека “Викторијас сикрет“, топ-манекенката Алесандра Амбросио од Бразил засекогаш ги симна ангелските крилја. Последен пат настапи на најскапата ревија на светот, на 20 ноември, за прв пат во Шангај, Кина, и се збогува со колешките од модната писта Андриана Лима, Кендис Сванепул, Лили Олдриџ… Првата ревија […]

Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ


Софија – Бугарија и Бугарската православна црква се единствени во желбата за развој и продлабочување на односите меѓу Бугарија и Македонија, констатираа денеска бугарскиот претседател Румен Радев и бугарскиот патријарх Неофит. Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање. За ова ќе се дискутира на […]

Тешки денови за Шакира: Боледува од тешко воспаление на гласните жици


ШПАНИЈА- Поп-ѕвездата Шакира поради здравствени тешкотии мора да откаже 17 настапи од европската турнеја: распродадените концерти во Германија, Франција, Холан. Славната пејачка боледува од тешко воспаление на гласните жици и состојбата се искомплицирала, а лекувањето ќе трае долго. “Во текот на сите овие години колку што пеам, никогаш не сум се соочила со ситуација како […]

Заев и Борисов ја поддржаа иницијативата на МПЦ


Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов ја поддржаа  иницијативата за приближување на двете цркви и за признавање на автокефалноста на МПЦ од БПЦ. Иако стојат на позициите за секуларност и немешање во црковните работи, сепак двајцата ги охрабрија двете цркви да ги следат политиките на  добрососедство. Во таа насока денеска бугарскиот премиер беше пречекаn во струмичкиот […]

Новиот претседател на Зимбабве под санкции од САД


Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, кој утре ќе положи заклетва, се наоѓа на листата на лица кои се под санкции од САД поради активности во текот на владеењето на соборениот претседател Роберт Мугабе. Мнангагва ги доби американските санкции поради „поткопување на демократскиот процес”, како и за „насилство и кршење на човековите права на политичките […]