Или плата или гаснење на печката во ФЕНИ


Вработените во комбинатот Фени им дадоа последено предупредување на владата и на бугарската компанија „Енекод“ до понеделник да им се исплати заостанатата октомвриска плата. Загрижени за својата иднина и егзистенција, во ситуација кога стомаците, велат, се погласно зборуваат, подготвени се на радикални мерки.

„Извршниот директор до понеделник до 12 часот да дојде и да ја исплати платата.Ако не,преземаме радикални мерки. Ќе ја затворање и блокирање капијата, а печката ќе ја доведеме до исклучување што е опасно за сите“, вели Пеце Ристевски.

Синдикатот и вработените сметаат дека овој потег ќе ги поттикне тие што се
нарекуваат газди на комбинатот да преземат одговорност и да го откочат процесот на влегување на нов инвеститор во „Фени“.

И банките кредитори пред три дена рекоа дека немаат обврска да им ја исплатат платата на околу 850 вработени туку прстот го вперија во бугарската фирма „Енекод“ која се декларира за сопственик на фабриката, иако таков документ никој не видел.За исплата на платата се потребни околу 750.000 евра.

По барање на трите банки доверители од вчера до 29 ноемврви се прави увид во имотот на Фени. Тоа веќе го направи швајцарскиот инвеститор ФОС „Асет менаџмент“, а денеска во обиколка е и британски инвестициски фонд. По првото неуспешно рочиште, следното е закажано за 29 номеври кога Судот во Велес ќе одлучува дали фабриката ќе замине во стечај или не. Досега извршниот директор Јусуф Миракмедов доби две кривични пријави, а финансовата полиција не ја исклучи можноста истрагата да се прошири за други дела и негови соработници.