Бугарската црква ќе го разгледува прашањето за МПЦ по консултација со другите цркви


Бугарската православна црква ќе го разгледува барањето на МПЦ-ОА да и стане црква-мајка откако ќе го слушне мислењето и на другите цркви, вели бугарскиот митрополит Варненски и Великопреславски Јован, пренесува БТА. Тој посочува дека прашањето за Македонската црква е сериозна тема што треба мора да биде решена на многу одговорен начин, при што ќе се почитува и православниот канонски ред.

„Брзите решенија никогаш не се добри“, изјави митрополитот Јован пред денешната утринска литургија во црквата Свети Александар Невски во Софија.

Пред неколку дена Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА.