Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран околку полноќ во реонот на грчкиот град Катерини, во северозападното крајбрежје на Егејското Море.

Атинскиот геодинамички институт соопшти дека еприцентарот на потресот бил на 24 километри северно од Катерини и на 300 километри северозападно од Атина.

Нема информации за жртви и предизвикани материјални штети при потресот.