20 години дизајн Армани: Чиста елеганција и луксуз во вашиот дом
Италија- Сите деловни прирачници за корпорации во светот не можат да го објаснат успехот на Џорџо Армани во лајфстајлот. Меѓу многуте примери за ова шесто сетило, е неговата линија за опремување на домот која слави 20-години од постоење- Armani/Casa.
Иако Армани направи бум во ентериерот во 2000 година, своето прво парче за домот, го дизајнираше во 1982 година – ламба Лого во форма на силуета, само седум години ја основа својата ready-to-wear линија, и многу пред своите колеги-дизајнери да истражуваат со стилот во домовите.
„Тоа го претставува моето прво пробивање во свет за кој отсекогаш сум бил фасцинантен“, вели Армани за ламбата. „Со својата чиста, геометриска форма, ги отелотворува клучните елементи на мојата филозофија за дизајн“.
Тој естетски потпис – ладно елегантен, минималистички и луксузен – сега се шири во разни сфери на живеењето, вклучително и тапети, текстил, мебел, па дури и апарати за во кујна; колекцијата е достапна во 42 продавници во 29 земји. Исто така постои Armani/Casa Design Studio кое создава сопствени ентериери за приватни клиенти.
Студиото е одговорно за дизајнот на хотелите „Армани“ – првиот што е отворен во Дубаи во 2010 г. – и Армани Резиденс, од кои најновите дебитираа во Мајами во март. Предвидени се и во Њујорк во 2023 година, на авенијата Медисон кога ќе се претворат во хибридна продавница и резиденции.
Ваквата експанзивна визија за дизајн и градење бренд е во согласност со далекусежниот поглед на Армани.
„Верувам дека добриот вкус не е привилегија на една земја, култура или одредена возраст“, вели дизајнерот. „Не постојат географски или културни граници кои диктираат што може да ја запали љубопитноста на една личност“. (Ел Декор)