Толку мал, а веќе „андроидаш“: Тригодишник го заклучил iPad-от на татко му на 47 години


Новинарот Еван Осонс му го дал на својот тригодишен син  својот iPad, кој пак малиот го заклучил на 25,5 милиони минути – односно нешто повеќе од 47 години.
Осонс својата мака ја подели со следбениците на Твитер, а потоа заврши во медиумите, бидејќи неговиот син ќе може да го отклучи негвиот iPad кога самиот тој ќе има 50 години.
Безбедносниот систем на Apple ги заклучува уредите пропорционално на бројот на внесувања на погрешна лозинка. Значи, што повеќе погрешни лозинки се внесени, толку повеќе денови, минути, недели, месеци уредот ќе остане заклучен.
Повеќето следбеници на Еван на твитер му советуваа да почека 48 години, но некои тврда дека постои трик за отклучување.
Уредот треба да се поврзе со компјутер, а потоа да се отвори iTunes. Потоа треба да се рестартира уредот, по што ќе се појават опциите  restore и update.
Овде треба да се одбере restore. Со оваа постапка може да се спаси уредот, но не и податоците кои во него се сочувани.