Карл Лагерфелд најверојатно ќе го наследи мачката
Германскиот креатор и креативен директор на модната куќа „Шанел“, Карл Лагерфелд, кој почина вчера во 86 година од животот, остави зад себе богатство од 200 милиони долари. Бидејќи нема семејство , ни блиски роднини на кои би им го оставил наследството, медиумите шпекулираат дека славниот дизајнер најверојатно ќе го наследи неговата мачка.
Самиот Лагерфелд во своите изјави последните години спомнуваше дека најмногу на светот ја сака мачката Чупет. Дизајнерот во една прилика изјави дека дури и би се оженил за своето милениче доколку тоа беше можно.
„Се уште не е возможен бракот меѓу човек и животно. Не верував дека олку ќе се заљубам во својата мачка“, изјави Лагерфелд во 2013 година за CNN.
Сепак, кога од магазинот Numero минатата година го прашаа дали на својата мачка ќе ѝ го остави богатството, тој рече: „Меѓу другото, да. Не грижете се, има доволно за сите“.
Секако, се поставува прашање дали нешто такво е можно. Според францускиот весник „Ле Фигаро“ во германското законодавство тоа би било изводливо преку различни здруженија и фондации.
Второ, многумина се прашуваат кој ќе ја наследи самата мачка. Иако, тоа и не е толкав проблем бидејќи таа има свој телохранител. Личен чувар и две слугинки.
„Никогаш не е сама кога ме нема. Дури и кога спие, некој секогаш е во близина. Таа е како шик дама со лична слугинка“, велеше Лагерфелд за својата миленичка. Мачката Чупет има и свој Инстаграм профил, а во моментот ја следат повеќе од 180.000 луѓе.
Францускиот модел Баптист Џиабикони беше прв сопственик на мачката. Лагерфелд ја презеде Чупет на двонеделно чување вo 2011 година, по што не сакаше да ја врати. Покрај мачката, како потенцијални наследници на имотот на Карл во медиумите се спомнуваат Бред Коенинг, омилениот модел на Карл, и неговиот син Хадсон, инаку кумашин на Лагерфелд. Потсетуваме. Карл Лагерфелд почина вчера на возраст од 86 години, по повеќенеделно лошо здравје.