Џиновскиот кинески транспортен брод „Таурус“ вплови во Атина


„Таурус“, еден од најголемите транспортни бродови во светот, вплови во пристаништето Пиреја во Атина, со што стана најголемиот брод што некогаш пристигнал во главното грчко пристаниште.

Бродот на кинеската транспортна компанија КОСКО е долг 400, а широк 58 метри и пренесува 20.000 контејнери, со вкупна тежина од речиси 200.000 тони. КОСКО го купи мнозинскиот пакет акции во грчкото пристаниште, кое станува една од главните попатни станици за кинеската стока на патот кон западноевропските пазари.

Пиреја е едно од ретките пристаништа во Европа кои можат да примат брод со големината на „Таурус“, за чие вкотвување била потребна асистенција на пет бродчиња – реморкери.