Џафери исклучи избори во 2018 година


На нови парламентарни избори во 2018 година не смее никој да помисли, а не пак да дојде навистина до таква ситуација, предупредува претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Тоа е толку несериозен пристап кон досегашните напори за реформскиот процес. Секоја година ни е изборна. Не може инфраструктурните и проектите во економијата да се реализираат поради постојано блокираниот систем поради континуирани избори. Не може да работи локалната дамоуправа, не може ни Владата, институциите”, вели спикерот Џафери.
Според негова оценка законите што се носат имаат мнозинство, а проблемот е во пратениците што влегувале и излегувале од салата кога не треба. Според него, без оглед на опозицијата, од позицијата каде што тој седел знаел дали има или нема мнозинство.

Џафери посочи дека координаторите треба да бидат повнимателни со пратениците велејќи дека некогаш тие го тестирале да видат како тој ќе реагира.

„Без оглед на случувањата кај позицијата и опозицијата и последните со Алијанса на Албанците, политичката ситуацијата е стабилна. Мнозинство ќе има, во тоа сум убеден. Без оглед на можните дебати во Собранието, во работата ќе учествуват сите политички партии. Со таков однос, сите субјекти да придонесат и во однос на спорот со името, а со тоа членство во НАТО”, вели Џафери.