Џафери: Законот за јазици испратен во Службен весник


Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва на својот профил на Фејсбук објави дека го потпишал и го испратил Законот за употреба на јазиците до Службен весник без потпис на претседателот Ѓорге Иванов.

Џафери уште во декември на средба со новинарите рече дека тој има обврска да го испрати законот до Службен весник.