Џафери ги достави барањата за притвор на пратениците до ресорната Комисија


Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери синоќа ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за притвор за шест пратеници.

Од Собранието на РМ соопштија дека претседателот на Собранието Џафери, ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје Скопје.

Пред одликата за доставување на барањата до Комисијата, преседателот на Собранието Џафери оствари средби со премиерот Зоран Заев и Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања ќе се одржи денес во 12 часот.

Откако известувањето ќе пристигне до Комисијата, таа е должна да го разгледа и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство. По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.