Џафери во Канада на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, заедно со потпретседателот Весел Мемеди и пратениците Илија Димоски и Катерина Кузманоска, од денеска до 19 ноември ќе учествува на 64. годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.
На Сесијата Џафери ќе има обраќање, а можни се и средби нa маргините на настанот.
Во рамки на посетата во Канада, претседателот на Собранието ќе има и средба, како и обраќање пред Албанската католичка заедница „Благословена Мајка Тереза“ во Торонто.
Фото: Б. Грданоски