Ќе се отстранува оградата околу Владата


Владата на денешната редовна седница одлучи да се отстрани железната ограда околу зградата на Владата со цел, како што e наведено на Фејсбук страницата на Владата, да се ослободи целосно јавниот простор околу објектот и да стане подостапен за користење од страна на граѓаните,

Отстранувањето на оградата околу Владата беше едно од предизборните ветувања на оваа власт.