Ќе се менува Законот за заштита на сведоци
Владата ќе му предложи на Собранието да усвои предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, соопштија од владината прес служба.
Целта на оваа предложена законска измена е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Законски измени бараше Специјалното јавно обвинителство, за да обезбедат сведоштва од заштитени сведоци и да можат потоа да ја обезбедат нивната сигурност.