ЈСП укинува две сезонски линии


Јавното сообраќајно претпријатие информира дека од петок, на 19 октомври, се укинуваат две автобуски сеознски линии.

„Се укинуваат сезонските линии 58 (Транспортен центар-Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар-Дивле, Катлановско блаце, Кожле).
Посочените линии се сезонски и нивното функционирање е утврдено со Одлуката за линиски превоз на патници во Град Скопје“, стои во соопштението.