Јовановски: Милост може да бара само тој штo е виновен


Актерот Владо Јовановски се огласи на својот фејсбук-профил по денешната распарава во собранието за уставните измени. Премиерот Зоран Заев во воведот на своето обраќање повика на национално помирување меѓу пратениците, со цел постигнување на стратешките интереси на државата.

– Милост може да бара само тој, кој што е виновен… Јас не се чувствувам виновен и не барам милост! Барам само праведно и чесно судење, за да се дојде до правдата и вистината, како би се тргнал овој жиг од моето име и од презимето на моето семејство! Вистината е мојот најголем и единствен бранител! Само не знам зошто сум во притвор скоро година дена.. Сo тие две раце сум и тие две скапаја без работа..”! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА! – напиша актерот Јовановски.