Јанушев: Власта распиша референдум без да го почитува мислењето на 455.000 граѓани
„ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, секој има право на мислење, а официјалните ставови ги соопштуваме офицајлно“, рече Јанушев одговарајќи на прашање дали повикот за бојкот на пратеникот Антонио Милошоски е став на партијата.
Јанушев го повтори ставот дека не се согласуваат со референдумското прашање и дека тоа е за нив двосмислено.
„Власта одлучи да распише референдум за договорот со Грција без да го послуша размислувањето на 455 000 граѓани на Република Македонија кои се претставени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Заев насила турка двосмислено прашање за исполнување на грчките црвени линии. Да беше убеден дека е заштитен идентитетот, Заев немаше да манипулира со двосмислено прашање спротивно на законот за референдум и Уставот. Требаше прашањето да биде само за Договорот со Грција. Вака се прикрива со ЕУ и НАТО“, рече Јанушев.
Тој додаде дека е срамно референдумот да се поистоветува со оној од 1991 година, бидејќи тогаш имало консензус. Јанушев истакна дека ако не успее референдумот, граѓаните ќе очекуваат оставка, а не да се префрли одлуката на институциите.