Јанкулоска сепак е на преглед „кај пријателката на Заеви“


Бременоста на Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, ќе се проверува на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).

Комисијата е составена од неколку гинеколози од оваа клиника кои треба да ја проверат здравствената состојба на Јанкулоска, по налог од Добрила Кацарска, судијка на предметот „Тенк“ во која Јанкулоска е осомничена за набавка на луксузниот мерцедес од 600.000 евра. Тие треба да утврдат дали бременоста ѝ е ризична и дали во таква состојба е способна да ги следи судењата.

Екс министерката негодуваше зошто е упатена на државна гинекологија, каде директорка е д-р Викторија Јовановска, за која Јанкулоска посочува дека е блиска пријателка на семејството на премиерот Зоран Заев. Повеќе за тоа можете да прочитате тука.