Јанева: Груевски во затвор за дваесетина дена


Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното издание на „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека според сите законски рокови , Груевски на издржување на затворската казна за пресудата за набавката на мерцедесот би требало да оди за дваесет дена бидејќи како што рече до петок би требало да ја добијат пресудата по што ќе почнеле да течат тие дваесет дена. Говорејќи за надлежностите на СЈО во делот на можноста за покренување обвиненија, Јанева рече дека очекува  повеќето ако не и сите покренати истраги со добри и квалитетни докази  да финишираат со јавно обвинителна одлука односно со покренување на обвинение. Катица Јанева истакна дека како СЈО , воспоставиле надлежност и врз предметот “Маѓар Телеком“ и на 27.11 има конкретно судење за овој случај кој се однесува на  проневера на милионски суми средства од поранешни високи функционери.