Ѕинго до социјалистите: Не гласајте за уставни промени


ВМРО-ДПМНЕ ги зацврсти своите позиции кога е во прашање гласањето на уставни измени во Собранието. Нивниот коалициски партнер, Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) ветува дека нивните тројца пратеници нема да преминат на страната на парламентарното мнозинство. Според нашите информации, претседателот Љубисав Иванов – Ѕинго им наложил на пратениците да не гласаат за уставните измени, а неговите пратеници се колнеле дека не им е на крај памет да го направат тоа.

Двајца од нив, Слободанка Авировиќ и Љупчо Димовски имаат (ин)директта работа со Специјалното јавно обвинителство, поради што се мислеше во јавноста дека ќе најдат заеднички јазик со власта.

Од „белиот дворец“ ги демантираат и информациите на дел од медиумите блиски до власта дека се преговара со шестмина пратеници, кои, наводно, би го смениле дресот.