Ѕанакопулос: Промената на Уставот е цврста преговарачка позиција на грчката Влада


Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Real fm“ уште еднаш ги повтори грчките позиции.

– Грчката позиција е сложено име, кое ќе биде за сите употреби и ќе важи за сите. Нешто што значи дека предуслов е уставна ревизија од страна на нашите соседи, за да најдеме едно одржливо, стабилно и заемно политичко решение за кое сите ќе можат да се чувствуваат горди, и двата народи, вели Ѕанакопулос во интервјуто.