Ѓорчев и Силјановска во директен дуел во Струга


Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска и Филип Петровски поднесоа кандидатура за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните апликации ќе бидат разгледувани од партиска комисија, па веќе во понеделник и официјално ќе биде соопштено кој ќе влезе во интерната трка за наследник на Ѓорѓе Иванов.

Информациите од партијата велат дека Петровски, кој отворено се спротиставува на политиките на новото раководство, нема ниту теоретски шанси да победи на конценцијата во Струга закажана за 16 февруари, но затоа Ѓорчев и Силјановска би воделе жесток дуел пред 530 делегати, колку се очекува да пристигнат. Предноста на пратеникот Ѓорчев е што дваесетина години е дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, а и има одлични контакти со меѓународните партнери, додека Силјановска важи на добар глас кај раководството поради нејзината елоквентност и професионална умешност, а од неа се очекува да собере гласови и од левицата и од центарот. (Г.А.)