Ѓорчев во Вашингтон: Граѓаните се за ЕУ и НАТО, но не му веруваат на Заев


Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Јан Ерик Суротчак, новиот директор на ИРИ за трансатлантска стратегија и досегашен директор на ИРИ за Европа.

Ѓорчев го информирал соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија по завршувањето на референдумот од 30-ти септември, истакнувајќи дека граѓаните ги поддржуваат членството на Македонија во НАТО и ЕУ, но имаат голема недоверба кон политиките на Зоран Заев.

Ѓорчев додаде дека економските индикатори се влошуваат, заедно со политичкиот прогон и слободата на медиумите, како и општото назадување на Македонија во повеќе области.