Ѓорчев: Владата ги одби најголем дел од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за буџетот за 2019


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска обвини дека со новиот буџет за следната година не се предвидени проекти за Источна Македонија, но и дека се одбиени нивните амандмани за Скопје, тетовско, гостиварско, пелагонискиот, битолскиот и прилепскиот крај и за Дебар. Според него, најголем дел од нивните амандмани на Буџетот се одбиени, а прифатени се само некои, како што кажа Ѓорчев, минорни.

– Со жалење можеме да констатираме дека со оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев, Источна Македонија, кога станува збор за проекти и дела е буквално ставена на црна листа. Ништо не е предвидено за Источна Македонија исто како што ништо од Владата не е предвидено да се прави и работи во Скопје за да се покрие тоталната неспособност, дебакл и фијаско на градоначалникот Петре Шилегов, рече Ѓорчев.

На „црна листа“, според пратеникот се и Гостивар, Тетово и тетовско, а одбиени се и нивните амандмани во Дебар и дебарско, Пелагонија, за Битола и битолскот крај, за Прилеп и прилепскиот крај, Повардарието и други општини во тој дел.