Ѓоко Поповски останува во притвор – Апелација му ја одби жалбата


Апелациониот суд во Скопје ја одби жалбата за притворот на поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски кој беше осуден на девет години затвор за случајот „Триста“ и му беше одреден притвор на барање на Специјалното јавно обвинителство.

Поповски е осуден на девет години затворска казна за незаконска набавка на 300 полициски возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година.

Освен за случајот „Триста“, Поповски е осуден и за случајот „Тенк“ на шест и пол години затвор.